Утрински Весник
Македонија

Тренчевска – Шаља Плавјанска: Продолжуваме со сузбивање на насилството врз жените и унапредување на човековите права

Тренчевска – Шаља Плавјанска: Продолжуваме со сузбивање на насилството врз жените и унапредување на човековите права
Dik 300x250 mk

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља – Плавјанска и нејзиниот тим.

На работниот состанок се разговараше за досегашната соработка на УНФПА и Министерството за труд и социјална политика, идните планови и активности, како на централно ниво, така и на ниво на работни групи.

„Владата продолжува посветено да работи на исполнување на човековите права особено на ранливите категории, на зголемување на пристапот до квалитетни услуги, политики кои значат поголема грижа и можности за младите во нашата земја. Градиме силно и обединето, кохезивно општество кое ги почитува достоинството и човековите права и овозможува еднакви можности и на мажите и на жените во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив политички, економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата,“ рече Тренчевска.

На средбата акцентот беше ставен на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, меѓуинституционалната соработка, соработката со граѓанскиот сектор, како и поддршката од агенциите на Обединетите нации во земјава.

Шефицата на УНФПА Шаља-Плавјанска потенцираше дека реализацијата на проектите од петгодишната програма за Северна Македонија ќе продолжи, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани, а особено ранливите категории.

Двете соговорнички изразија подготвеност за продолжување на досегашната соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНФПА, во областа на родово базираното насилство и генерално заштита и унапредување на човековите права.

Согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство Владата формираше Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, кое е надлежно и за политиките од областа на родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство.

Можете да прочитате

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица