Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во политиките од детска и социјална заштита

Тренчевска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во политиките од детска и социјална заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Артур Ајвазов, заменик-претставник на УНИЦЕФ, во земјава, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.

„Грижата за децата е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Поддршката која ја добиваме од УНИЦЕФ во креирање и имплементирање на политиките кои се во насока на обезбедување на поголема заштита и унапредување на правата на децата, навистина е значајна за нас. Воспоставената соработка овозможува и примена на светските практики и највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето“, рече Тренчевска.

На средбата се разговараше за тековните проекти и активности, во кои министерството има значајна поддршка од УНИЦЕФ, како што е деинситуционализацијата и воспоставувањето на новите форми на згрижување, згрижувачките семејства, малите групни домови, како и социјалните услуги на локално ниво како дел од социјалната реформа.

Во делот на детската заштита стана збор и за значењето на раниот детски развој, а во таа насока беа потенцирани и заложбите на Владата за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишно воспитание, вложување во зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив, преку обуки за социо-емоционален развој на децата и градење на капацитетите на родителите, преку позитивно родителство, што би осигурало стабилен развој на децата.

Соговорниците изразија уверување и подготвеност за продолжување и продлабочување на досегашната соработка во областа на детската и социјална заштита и во иднина.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards