Утрински Весник
Економија

Тренчевска: Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат предвремено на крајот од месецот

Тренчевска: Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат предвремено на крајот од месецот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Македонската банкарска асоцијација-Скопје, на која разговараа за досегашната и идна соработка меѓу министерството и банкарскиот сектор.

На почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид 19, со цел спречување на ширење на вирусот, со Заклучок на Владата на РСМ, беше однесена одлука, за предвремена и етапна исплата на пензиите, на крајот на месецот, за пензии кои се однесуваат на тековниот месец.

На средбата се потврди добро воспоставената соработка, со заклучок дека таа ќе продолжи и понатаму односно дека пензиите и во иднина ќе продолжат да се исплаќаат предвремено, на крајот на месецот.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за пензионерите е приоритет. Потврда за тоа е воспоставувањето на новата методологија за усогласување на пензиите на долг рок, со која пензиите ќе растат во континуитет, како и финансиската помош од 3000 денари за три месеци. Тоа значи и подигнување на животниот стандард на нашите највозрасни граѓани во државата.

Можете да прочитате

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување