Утрински Весник
Спорт

Тренерски маестро – Томас Тухел го трансформираше Челси!

Тренерски маестро – Томас Тухел го трансформираше Челси!

Навивачите на Челси имаа огромни очекувања на стартот на сезоната, откако Роман Абрамович потроши над 250 милиони евра носејќи ги талентираните Тимо Вернер, Каи Хаверц, ветеранот Тијаго Силва, дефанзивниот ас Бен Чилвел, а на клупата го имаа легендарниот Френк Лампард, икона на клубот. И работите тргнаа наопаку…

Во јануари, Абрамович, според многумина брутално, реши да го отпушти Лампард, и да го донесе Томас Тухел, „свеж“ по отказот од Пари Сен-Жермен. Имаше многу сомнежи, но за нешто повеќе од четири месеци, Германецот успеа да ги надитри сите и да создаде тим, кој во Истанбул ќе се бори за трофеј од Лигата на шампионите.

Тухел, со силен тим зад себе, успеа да ги надмудри речиси сите врвни тренери во фудбалот – Жозе Мурињо, Диего Симеоне (двапати), Јирген Клоп, Карло Анчелоти, Пеп Гвардиола (во ФА купот) и денеска на крај, Зинедин Зидан!  Тој има едноставна логика.

„Ако не е возможно да го играте најубавиот меч, тогаш треба да не дозволите противникот да го одигра својот најдобар меч. Тоа се пефроманси. Имаме некоја врска во тимот, вклучени сме во секој натпревар, подготвени да работиме заедно, да страдаме заедно. Најважна е посветноста и правењето на тоа што во моментот е најпотребно. Дали можам да му помогнам на соиграчот кога оди на старт? Дали ја играм мојата улога? Дали одбраната може да смета на средниот ред? Дали средниот ред може да смета на напаѓалите? Мора сите одговори да се ДА“, вели Тухел.

Статистиката е фантастична – во 24 меча има 16 победи, 18 меча без примен гол, само 2 порази, финале на Лигата на шампионите, финале на ФА купот (против Лестер) и пласман во топ 4.

> Тренерски маестро – Томас Тухел го трансформираше Челси! <

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами