Утрински Весник
Македонија

Трајанов предлага формирање на Агенција против криминал

Трајанов предлага формирање на Агенција против криминал

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов на денешната расправа за Националната стратегија за борба против корупцијата, предложи да се донесе Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој, како што рече, ќе се предвиди формирање на Агенција за борба против организираниот криминал, која ќе постапува по барањата на ДКСК, ќе ги координира активностите на седум институции задолжени за откривање и спречување на организиран криминал, оперативно ќе ги следи јавните набавки над 500.000 евра, ќе работи на детектирање на скриениот имот на носители на високи функции стекнат на криминален начин и сл.

„ Во Македонија високиот степен на криминализација и партизација ја “јадат” државата, во услови кога не постои заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал“ изјави Трајанов.

Тој предложи и да нема застареност за кривични дела од тешките облици на криминал извршени од функционери, додека за иницијативата за донесување на закон за преиспитување на имотот, укажа истиот да не ја доживее судбината на таков закон донесен пред многу години, потсетувајќи на синтагмата “Ако имаш куќа,врати го станот”.

Трајанов ја поддржа Стратегијата за борба против курупцијата и работата на ДКСК.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик

Малиш Саздовска: Заканата од ИСИС и Ал Каида во Македонија е постојано присутна, службите успешно ги спречуваат ризиците