Утрински Весник
Свет

Трамп ја објави својата веб-страница

Трамп ја објави својата веб-страница

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата веб-страница www.45office.com, со цел да остане во контакт со неговите поддржувачи.

Дел од таа страница е посветена и на презентацијата на неговиот престој во Белата куќа.

На почетната страница се прикажани повеќе фотографии од Трамп со многу познати личности, како и со неговата сопруга Меланија.

„ Кабинетот на Доналд Трамп е посветен на зачувување на славниот период од неговата администрација, истовремено промовирајќи ја програмата „Прво Америка“, стои на почетната страница, објави „Ројтерс“.

Веб-страницата исто така ги прикажува достигнувањата на Трамп, вклучително и енергетскиот сектор и безбедноста на границите, зајакнувањето на НАТО и другите меѓународни сојузи и неговиот одговор во борбата против пандемијата на коронавирусот.

„Ројтерс“ додава дека не се споменуваат скандали, истраги за корупција, два обиди за отповикување и напади врз демократски институции што го одбележаа неговиот претседателски мандат.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите