Утрински Весник
Свет

Трамп: Новите правила на ТВ-дебатата не се фер, но ги прифаќам

Трамп: Новите правила на ТВ-дебатата не се фер, но ги прифаќам

Новите правила на ТВ-дебатата не се фер, но ги прифаќам, рече американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на последната предизборна ТВ-дебата што ќе се одржи в четврток во Нешвил.

Беше најавено дека микрофонот ќе биде исклучен за кандидатите за да не го прекинуваат противникот.

„Мислам дека не е фер што ги сменија темите и што ќе имаме пристрасен водител во студиото, но јас ќе учествувам во ТВ-дебатата“, рече Трамп, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД издадоа предупредување за патувања во Германија

Дрон влегол во латвискиот воздушен простор, НАТО го соборил

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога