Утрински Весник
Свет

Трамп им забрани на Американците да инвестираат во кинески компании

Трамп им забрани на Американците да инвестираат во кинески компании

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со која им се забранува на Американците да инвестираат во кинески компании.

Ова се однесува на кинески компании за кои администрацијата вели дека ги поседува или контролира кинеската војска.

Наредбата се однесува на 31 кинеска компанија за кои се вели дека овозможуваат развој и модернизација на кинеската војска и директно ја загрозуваат американската безбедност, пренесува „Си-ен-ен“.

Производителите на паметни телефони „Хуавеј“ и „Хикивижон“, еден од најголемите светски производители и снабдувачи на опрема за видеонадзор, се наоѓаат на црната листа.

Некои други котирани компании, вклучувајќи ги „Кина телеком“ и „Чајна мобиле“, тргуваат на Њујоршката берза.

Наредбата, која треба да стапи на сила на 11 јануари, доаѓа во моментот кога се разгоруваат битките за трговија и технологија меѓу двете најголеми економии во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп со закана до сите земји не го подржуваат за Гренланд

Стармер не сака разговори со Путин

Социјалната мрежа X доживеа глобален технички прекин