Утрински Весник
Свет
Img 7972

Трамп има желба да биде петтиот претседател исклесан на Маунт Рашмор?

Трамп има желба да биде петтиот претседател исклесан на Маунт Рашмор?
300x250 opst2

Администрацијата на Белата куќа стапила во контакт со гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, за да разговараат за можноста за додавање на ликот на Доналд Трамп на планината Рашмор (Маунт Рашмор).

Трамп беше во посета на Јужна Дакота за време на прославата на Денот на независноста на 4 јули, а гувернерката вели дека претседателот со себе донел макета од планината Рашмор, на која е додаден и неговиот лик, пишува „Њујорк Тајмс“.

Уште во 2018 година, американскиот претседател и навестил на Кристи Ноем дека сака да го додаде неговиот лик во споменикот.

Тогаш гувернерката била во посета на Белата куќа, а на средбата во Овалната соба, Трамп и рекол дека неговиот сон е да биде на планината Рашмор, за што таа мислела дека е само шега.

„Почнав да се смеам, но тој не се смееше, напротив, беше сосема сериозен. Ми рече: ‘Кристи, дојди тука, дај ми ја раката’. Се ракувавме и го поканив да ја посети Јужна Дакота: ‘Гoсподине претседателе, треба да дојдете на планината Рашмор’. Тогаш ми рече: ‘Дали знаете дека сон ми е мојот лик да биде исклесан на планината Рашмор?’“, ја објаснила гувернерката нивната тогашна средба.

За време на посетата на 4 јули, Трамп одржа говор во кој го бранеше споменикот на планината Рашмор, потенцирајќи дека тој ќе стои засекогаш во чест на предците и слободата.

Во споменикот на планионата Рашмор исклесани се ликовите на четворица влијателни претседатели на САД: Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн, а по повод 150-годинишнината од американска независност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир