Утрински Весник
Свет

Трагична смрт на близначиња во Јужна Каролина, девет часа биле заклучени во топол автомобил

Трагична смрт на близначиња во Јужна Каролина, девет часа биле заклучени во топол автомобил

Телата на дваесетмесечни близнаци се пронајдени во автомобил на паркинг во градинка во Јужна Каролина. Според првите информации, тие поминале повеќе од девет часа во врелиот автомобил.

Родителите ги нашле децата во средата околу 17.40 часот на паркингот во градинката. Истражителите веруваат дека момчињата биле во автомобилот од утрото и дека најверојатно починале како последица на топлотниот удар.

Досега, никој не е уапсен и не се соопштени повеќе детали. Не е познато дали нивните родители ги оставиле во автомобилот случајно или станува збор за кривично дело.

„Еј-Би-Си њуз“ пишува дека температурата во градот била околу 27 степени во текот на денот.

Можете да прочитате

Израел активираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи потрес со јачина од 4,1 степен

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата