Утрински Весник
Свет

Трагедија во Филаделфија – во пожар во зграда загинаа 13 лица меѓу кои и деца

Трагедија во Филаделфија – во пожар во зграда загинаа 13 лица меѓу кои и деца

Во пожар што избувна во зграда во Филаделфија загинаа 13 лица, меѓу кои неколку деца, а уште неколку беа повредени.

Зградата се наоѓа на улицата 23 во предградието на Фермон и се состои од два стана. Пожарот избувнал околу 6.40 часот по локално време.

На пожарникарите им биле потребни 50 минути за да го стават огнот под контрола. Причината за пожарот и возраста и идентитетот на жртвите се уште не се потврдени.

Противпожарната служба во Филаделфија, исто така, сè уште не го потврдила бројот на загинати и повредени.

Репортерот на „Фокс 29“, повикувајќи се на извори од противпожарната служба, јави дека меѓу загинатите има неколку деца и дека во двата стана има функционални детектори за чад.

Можете да прочитате

Катарски танкер со гас помина низ Хормуз

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина