Утрински Весник
Спорт

Тотенхем „раскинаа“ со Серж Орие

Тотенхем „раскинаа“ со Серж Орие

Тотенхем ја прекинаа соработката со фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Серж Орие. Фудбалерот имаже важечки договор до крајот на сезонава, но двете страни се договориле на прекин на соработката.

Со тоа е прекината четиригодишната соработка.

„Уживав во Тотенхем. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и на клубот, но имам чувство дека сега е време за нови предизвици“ изјави Орие.

Десниот бек се споменуваше дека е можно да ја продолжи кариерата во тимот на Барселона, но до тоа не дојде.

Медиумите на Островот пренесуваат информации дека заинтересирани за неговите услуги се Вотфорд, Бетис, Спартак Москва и Џенова.

> Тотенхем „раскинаа“ со Серж Орие <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија