Утрински Весник
Свет

Топлотен удар на Алјаска, измерени рекордни 19,4 степени

Топлотен удар на Алјаска, измерени рекордни 19,4 степени

Алјаска забележа рекорден пораст на дневните температури минатиот викенд, при што температурите во заедницата Кодијак достигнаа 19,4 степени, пишуваат светските медиуми.

Научникот Рик Томан од Центарот за проценка на климата во Алјаска ова зголемување го нарече апсурдно. Во останатите делови измерени се 13,3, 16,6 и 18,3 степени Целзиусови, што значи дека ова е најтоплиот Божиќ на Алјаска досега.

Томан вели дека на Алјаска ќе продолжи одржувањето на температурите на ниско ниво, но сепак зголемувањето на температурите и топлотните удари ќе бидат позастапени во иднина.

„Глобалното затоплување остава последици, сè почесто сме сведоци на високи температури кои се невообичаени за овој дел од светот, тоа очекуваме да продолжи да расте во иднина“, вели тој.

Студијата објавена минатиот месец предвидува дека веќе во 2060 година на Алјаска ќе падне повеќе дожд отколку снег и дека климатските промени веќе им го отежнуваат животот на луѓето и на животните во овој дел од светот.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили