Утрински Весник
Свет

Жириновски повикал на бомбардирање на Украина и на Западот на новогодишната ноќ

Жириновски повикал на бомбардирање на Украина и на Западот на новогодишната ноќ

Пратеникот на Државната дума на Русија, лидерот на Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски, повикал на бомбардирање на цивилни цели во Украина и на Запад, ноќта на 31 декември – 1 јануари 2022 година, пренесуваат руските агенции.

„Треба само да скокнете ноќта на 31 декември до 1 јануари, во 4 и 5 часот наутро. Не треба да ги бомбардирате сите! Но селективно – некој да ги казни, да ги исплаши“, рекол Жириновски.

Тој напоменал дека ако е претседател на Русија, „ќе изведе сличен удар“. Претходно Жириновски изјави дека заедничките вежби на земјите од НАТО и Украина сведочат за претстојната вистинска војна. Според него, во 2027 година веројатно ќе започнат конфликти во целосни размери како што е Третата светска војна.

„Сакам мирно да го прославам мојот 80-ти роденден во 2026 година, а потоа, ве молам, започнете пред мојот 85-ти роденден“, кажал тој.

Во исто време Жириновски потсетил дека порано во Украина имало многу оружјe кои би можело да биде доволно за целата војна. „Сепак, ограбија сè, распродадоа“, изјавил тој.

Партијата предводена од Жириновски е четвртата најсилна во рускиот парламент со 21 место. Тој е поранешен потпретседател на Думата, а во парламентот е од 1993 година.

Според руските агенции, независните набљудувачи на ситуацијата во Русија посочиле дека Жириновски може да се каже дека го изгубил умот и дека нема разлика меѓу терорист и него, сепак, како што нагласиле, тој не го кажал тоа без премолчена поддршка на Путин.

Тој како што изјавиле познавачите е марионета на Путин и според нив, полесно е да се подметне „лудиот“ Жириновски за претседателот да не биде наместен да ја испровоцира Третата светска војна, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот