Утрински Весник
Магазин

Том Холанд ќе го глуми Фред Астер во биографски филм

Том Холанд ќе го глуми Фред Астер во биографски филм

Британскиот актер Том Холанд откри дека ќе го портретира легендарниот Фред Астер во претстојниот биографски филм за човекот кој ќе остане запаметен по танцувањето и пеењето со Џинџер Роџерс во повеќе мјузикли како Top Hat и Swing Time.

Познат како еден од најголемите танчери на сите времиња, Астер имаше седумдецениска кариера во филмот и на сцената во Бродвеј и Вест Енд.

„Го глумам Фред Астер. Сценариото стигнало пред една недела. Сè уште не сум го прочитал. Не ми го дадоа“, изјави Холанд.

„Ејми Паскал го има сценариото“, рече тој, мислејќи на продуцентката на „Спајдермен“.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик