Утрински Весник
Магазин

Том Круз им се извинил на луѓе кои шетале во парк кога снимал акробација

Том Круз можеби е суперѕвезда, но сè уште не ги заборавил своите манири.

dobivaj vesti na viber

Актерот (60), наводно, се извинил што го им го уништил пешачењето на една двојка додека снимал акробација за најновиот од сагата „Невозможна мисија“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning Part First).

Двојката, Џејсон и Сара Хејгарт, изјавија за „Екстра“ дека налетале на продукцискиот тим и на актерот во текот на прошетка во националниот парк „Лејк дистрикт“ во Обединетото Кралство.

Парот сфатил дека нешто не е во ред кога виделе хеликоптер како лета над една област во планините.

Кон крајот на прошетката, почнавме да гледаме хеликоптери како доаѓаат до провалија и ги фрлаат луѓето од врвот… Бевме вчудоневидени…ова не изгледа добро…тука нешто не е во ред“, изјави Џејсон за публикацијата.

Откако хеликоптерот слетал, парот продолжил по својот пат каде налетале на Круз, подготвен да лета со параглајдер.

„Веднаш знаев дека е тој“, рече Сара. „Кога стигнавме таму, луѓето зборуваа дека се снима Mission: Impossible … но јас очекував каскадер.“

„Тој прво се извини за вревата“, додаде Џејсон. „Извинете момци, знам дека ја расипавме вашата прошетка со вревата“. А потоа рече: „Ми се допаѓа твоето куче“.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност