Трикратната олимписка шампионка од Токио, Јамајчанката Илејн Томпсон-Хера го истрча второто најдобро време во историјата на 100 метри на Дијамантската лига во Јуџин, Орегон, време кое многумина сметаат дека е вистинскиот светски рекорд.
Јамајчанката имаше време од 10.54, и само Американката Флоренс Грифит-Џојнер со нејзините 10.49 во 1988 имала побрза трка. Сепак, остварувањата на Грифит-Џојнер, секогаш, ќе бидат со „ѕвездичка“, по нејзината прерана смрт и сомнежите за допингување.
Во трката, Томпсон-Хера ги победи сонародничките Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон, во реприза на подиумот од Токио. Американката, Ша’Кери Ричардсон, која ја пропушти Олимпијадата поради позитивен тест на марихуана (и едномесечна суспензија) беше последна.
“@thaGOATsports: Sha’Carri Richardson ran a 11.14 at the Nike Prefontaine Classic, finishing 9th pic.twitter.com/IqXvfvHiGZ
— GIDITRAFFIC (@Gidi_Traffic) August 22, 2021
> Томпсон-Хера истрча втори најбрзи 100 метри во историјата <