Утрински Весник
Спорт

Томпсон-Хера истрча втори најбрзи 100 метри во историјата

Томпсон-Хера истрча втори најбрзи 100 метри во историјата

Трикратната олимписка шампионка од Токио, Јамајчанката Илејн Томпсон-Хера го истрча второто најдобро време во историјата на 100 метри на Дијамантската лига во Јуџин, Орегон, време кое многумина сметаат дека е вистинскиот светски рекорд.

Јамајчанката имаше време од 10.54, и само Американката Флоренс Грифит-Џојнер со нејзините 10.49 во 1988 имала побрза трка. Сепак, остварувањата на Грифит-Џојнер, секогаш, ќе бидат со „ѕвездичка“, по нејзината прерана смрт и сомнежите за допингување.

Во трката, Томпсон-Хера ги победи сонародничките Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон, во реприза на подиумот од Токио. Американката, Ша’Кери Ричардсон, која ја пропушти Олимпијадата поради позитивен тест на марихуана (и едномесечна суспензија) беше последна.

> Томпсон-Хера истрча втори најбрзи 100 метри во историјата <

Можете да прочитате

Милјана Релиќ победи и се пласираше во 1/4 финалето во таекводно на Медитеранските игри

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000