Утрински Весник
Магазин

„ТМЗ“: Ријана и Асап Роки станаа родители, добија син

Поп-ѕвездата Ријана и раперот Асап Роки станаа родители по првпат. Тие добија син, објави „ТМЗ“ во четвртокот.

Според истиот извор, Ријана (34) се породила на 13 мај во Лос Анџелес. Името е сè уште непознато за јавноста.

Претставници на двете музички ѕвезди не одговорија на барањата за коментар.

Ријана ја објави бременоста во јануари. Пејачката по потекло од Барбадос, чие родено име е Робин Фенти, има освоено девет „Греми“ награди, а исто така има и свој бренд за долна облека и за шминка, „Фенти“.

Ријана и А.П. Роки (33) беа пријатели многу години пред да почнат љубовна врска.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото