Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

ТИРЗ ги претстави можностите за инвестиции и новиот концепт пред водечките луѓе од автомобилската бранша

ТИРЗ ги претстави можностите за инвестиции и новиот концепт пред водечките луѓе од автомобилската бранша
Img 7972

ТИРЗ се претстави на петнаесеттиот конгрес на автомобилската индустрија во организација на престижниот германски магазин „Аутомобилвохе“ на кој се среќаваат водечките луѓе од автомобилската бранша. На конгресот во Лудвигсбург, ТИРЗ го презентира новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за инвестирање во С.Македонија.

На штандот на ТИРЗ посетителите изразија посебен интерес за новиот пристап на индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата кој се базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови, но и за новиот Стратешки зелен инвестициски фонд кој треба да поттикне забрзан раст и дигитална трансформација.

На дводневниот настан, кој се одржувана 09 и 10 ноември, посветен на рестартот на автомобилската индустрија по пандемијата, учествуваат водечките компании за производство на автомобили и автомобилски компоненти претставувани од првите луѓе, меѓу кои и Лука Де Мео новиот шеф на „Рено“, Мате Римац од Римац аутомобили кој неодамна го презема и „Бугати“, првиот човек на „БМВ“, Манфред Шох, како и Оливер Блуме од „Порше“.

На конгресот се презентирани и мерките кои компаниите ги презеле за рестартирање на производството по кризната пандемиска година, како и очекувањата и производствените планови кои следат. Сите се согласни дека иднината е во електро-автомобилите како и дека е потребна релокација на производството поблиску до Европа со цел во иднина да се избегнат ситуации како актуелната во која голем дел од производството на автомобили е успорено поради недостаток на чипови од Азија. Балканскиот регион има особено предност како една од преферираните дестинации за идни инвестиции.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата