Утрински Весник
Спорт

Типстер купот на „Спорт лајф“ му донесе стан на Водно на играч од Битола

Типстер купот на „Спорт лајф“ му донесе стан на Водно на играч од Битола

Благодарение на Типстер купот на „Спорт лајф“, битолчанец доби стан на Водно. Денес, клучевите од оваа главна премија му беа врачени на младиот Дејан Кузмановски, кој беше прогласен за најдобар типувач на Sport Life во Типстер купот од минатата и оваа година.

Преку 3.500 учесници се натпреварува во финалето. Со освоени 126.402 поени тој беше прв на ранг-листата на ниво на сите обложувалници на „Спорт лајф“. Сè уште не привикнат на фактот дека освоил модерен стан на Водно, овој млад човек (34) возбудено ни раскажа како успеал да стигне до финалето и да победи.

„Вербата и редовната игра се исплатеше, тоа им го порачувам и на останатите играчи“, вели тој.

Играл секојдневно со влогови од по 20 денари на тикет, а по воведувањето на играта „До 50 шанси за 100.000 денари“, повисоките поени ги собрал на тикет со одиграни 50 пара и фатени 40, остварувајќи максимални 5.020 поени за влог од 20 денари.

Инаку веќе 10 години редовно игра различни игри од широката понуда на „Спорт лајф“, а тимот за кој навива се „топчиите“, Арсенал.

„Оваа година се најдовме пред повеќе предизвици. Да продолжиме со Типстер купот, да ја доделиме главната премија и притоа да ги исполниме сите протоколи поради вирусот Ковид-19. Продолживме со работа во нови услови и со воведување на онлајн обложување, затоа што знаеме дека нашите играчи живеат со спортот, играат и навиваат за него. Им честитаме и воедно им благодариме на играчите за нивната лојалност и учество во натпреварот. Типстер купот продолжува оваа година со подинамично темпо и под мотото Типстер на месецот, со привлечни премии за најдобрите типувачи секој месец до 100.000 денари“, објаснуваат од „Спорт лајф“.

Покрај главната премија, стан на Водно, голем број подароци беа доделени и за останатите учесници во типстер купот. На генерално ниво од финалната етапа, за освоеното 2-10 место следуваа поени за подароци од СЛ маркетот, а за сите останати финалисти „Спорт лајф“ обезбеди подарок вредносни ваучери за игра.

Типстер купот се одржува секоја година и веќе стана традиција која им носи забава и секој месец привлечни подароци на лојалните играчи на „Спорт лајф“.

> Типстер купот на „Спорт лајф“ му донесе стан на Водно на играч од Битола <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига