Утрински Весник
Спорт

Тимот на Леброн поуспешен од екипата на Адетокунбо

Тимот на Леброн поуспешен од екипата на Адетокунбо
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Чикаго, 17 февруари 2020 (МИА) – На 69.  „Ол стар“ меч од НБА-лигата одигран ноќеска во Чикаго, победа забележа тимот предводен од Леброн Џејмс кој беше поуспешен од селекцијата на Јануис Адетокунбо со 157:155 (53:41, 30:51, 41:41 и 33:22).

Некарактеристично за ваквите ревијални натпревари, гледачите можеа да проследат „сериозен“ меч со цврсти одбрани, посебно во последниот период.

Најефикасен цво победничкиот состав беше Каваи Ленард со 30 поени, Леброн Џејмс и Крис Пол застанаа на 23.

Адетокунбо беше најефикасен во поразениот тим со 25, Кемба Вокер постигна 23 поени.

Каваи Ленард го доби признанието МВП кое се доделува на најкорисниот играч. зс

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ се повлекува од Здружението на професионални тенисери

Почина Милорад Косановиќ – 24info.mk

Флик задоволен по победата над Еспањол