Утрински Весник
Македонија

Спасовски и Османи во дводневна посета на Брисел

Спасовски: Очекувам продолжување на дијалогот за законот за ЈО, предлогот многу скоро во Собранието

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

Премиерот Спасовски ќе има обраќање на Меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“ во Европската Комисија, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нарачал продукција па го претепал и ограбил доставувачот

И Здравје и Работа: Време е институциите за „Иловица – Штука“ да одлучуваат врз основа на факти, а не на притисоци 

Запалено ,,Ауди” на паркинг во Аеродром