Утрински Весник
Магазин

Тикток-ѕвезда тврди: Кијану Ривс е мојот татко, имам доказ

Тикток-ѕвезда тврди: Кијану Ривс е мојот татко, имам доказ

Американскиот тиктокер Дастин Тајлер (36) е убеден дека негов татко е холивудскиот актер Киану Ривс (57), за што зборуваше во неколку свои видеа на Тик-ток во кои ги откри сите детали.

Дастин тврди дека неговите родители се разделиле пред мајка му да дознае дека е бремена и дека тој пораснал мислејќи дека татко му починал кога бил мал.

„Кога пораснав, мајка ми конечно ми ја откри вистината и се покажа дека татко ми е Кијану Ривс,“ објасни Дастин.

„Никогаш не сум рекол дека татко ми ме остави, но дека мајка ми не му кажала дека е бремена кога раскинале“, додава Тајлер. Тој истакна дека не очекува Кијану да го признае како свој син.

Неговите многубројни фанови одлучија да го поддржат во неговата приказна, а многумина од нив му поверуваа затоа што заклучија дека навистина наликува на актерот. Дастин вели дека не му е грижа дали татко му ќе го признае, само сака да го сподели ова сознание со сите.

Кијану сè уште јавно не се изјаснил за наводното татковство.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак