Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден возач на автобус во судар со автомобил

Тешко повреден возач на автобус во судар со автомобил

Шеесет и двегодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајка што се случила во Волково меѓу автобус и автомобил.

Според информациите на МВР, вчера 22.20 чaсот на ул.100 во село Волково, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.Ј.(62) од Скопје и автобус „евробус“ со скопски регстарски ознаки управуван од М.Т.(62) од с.Стајковци,скопско.

М.Т. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Температури утрово над нула, најмногу дожд во Лазарополе и Охрид