Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена 18-годишна девојка во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

Тешко повредена 18-годишна девојка во сообраќајка на патот Градско – Прилеп

18-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, соопшти полицијата.

Имено, синоќа во 00:30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23) од Росоман, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.Б.(18) од с.Трстеник, констатирани во болницата во Кавадарци.

Бил извршен увид на местото на настанот.

Можете да прочитате

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата