Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во Струмица – возач усмрти велосипедист

Тешка сообраќајка во Струмица – возач усмрти велосипедист

Денеска во 09.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски” во Струмица, патничко возило „фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(18) од Струмица, со живеалиште во с.Робово, удрило во велосипед управуван од П.Г.(75) од с.Русиново, со живеалиште во Струмица.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, а подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Богданци утре излегува на протест по смртта на Билјана

Десет возачи уапсени во изминатото деноноќие – седум возеле без положен возачки испит, тројца со активна забрана за управување

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“