Утрински Весник
Македонија

Тетовчанка со тврд предмет си го убила невенчаниот сопруг

Тетовчанка со тврд предмет си го убила невенчаниот сопруг

39-годишна жена од Тетово пријавила дека во семејниот дом го убила нејзиниот невенчан сопруг, информира полицијата.

Според нив, денеска во 11, 35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И.

Во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет, извести МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С., велат надлежните.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители