Две експлозии одекнаа денеска на аеродромот во колумбискиот град Кукута, во североисточната гранична зона кон Венецуела, за што властите обвинуваат терористи.
Колумбиските власти соопштија дека во првата експлозија загинало лице кое носел експлозивна направа, додека во втората детонација загинале двајца полицајци, пренесува РИА Новости.
Зад нападот стојат терористи, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на соопштение на надлежните органи, кои тврдат дека недалеку од пистата на аеродромот е забележан еден маж со експлозив, како и дека се убиени двајца полицајци кои го пронашле сомнителниот пакет.
Експлозијата доведе до прекин на летовите на аеродромот и оштети неколку згради.