Утрински Весник
Македонија

Темелна дезинфекција на сите судници и останати простории во Основниот кривичен суд

Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Темелна дезинфекција на сите судници и останати простории во Основниот кривичен суд ќе се врши од специјализирана фирма секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Посочуваат дека дезинфекцијата е во правец на препораките на Владата на РСМ и известувњето на Министерството за правда и Судскиот совет – судењата во Кривичниот суд за кои постојат услови за одржување да не се одлагаат.

– Вакви дезинфекции од специјализирана фирма ќе се вршат секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден. Воедно сите судски полицајци и службеници кои имаат директен контакт со странките задолжително носат стерилни ракавици, а за странките се обезбедени средства за дезинфекција, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичниот суд информираат дека ќе продолжи со судење на сите расправи за кои постојат услови за нивно одржување се до добивање нови напатствија од Министерството за правда и Судскиот совет. Истовремено апелираат до странките и тие доследно да се придржуваат до
препораките за заштита. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”