Театарот „Провокација“ најави гостување на фестивал во Хрватска, а попатно ќе ја израдува публиката и во Сараево и Бања Лука.
Првото гостување е на 11 март во Бања Лука, во Градскиот Театар Јазовац. Ова е театарот чиј управител е Љубиша Савановиќ, актерот, кој е дел од екипата на „Разведи ме“. Љубиша игра една од улогите кои во претставта функционираат преку снимени видео повици. Савановиќ, на еден специфичен, шармантен и досетлив начин ја креира улогата на Коста К. (шваљерот), една од улогите, која иако до публиката допира преку видео материјал, редовно изнудува громогласно смеење. Освен него, во видео повиците, свои маестрални креации имаат и Зорица Панчиќ и Благоја Чоревски-Чоре. Главните протагонисти во претставата се Роберт и Мирјана Ристов, кој како и во животот така и во претставата се брачни сопатници.
Второто гостување е во Театар Керекеш, независниот патувачки театар, кој како да живее една паралелна театрска приказна во Вараждин, на онаа на Театар Провокација во Скопје. Формирањето и на овој театар започнува како една фамилијарна театарска приказна, иницирана од хрватските актери Љубомир Керекеш и Јан Керекеш, кои во приватноста се татко и син, за да подоцна истата се развие во најбараниот хрватски тетар, кој на годишно ниво има над 200 изведби низ градовите во Хрватаска и регионот. На фестивалот „Тједан смијеха“ , кој ќе се одржи од 4 до 14 март, ќе бидат прикажани вкупно 14 претстави од регионот. Претставата „Разведи ме“ ќе се одигра на сцената Еuropa Media – во ХНК- Вараждин, Хрватска на 12 март од 21 часот.
Третото гостување е на 14 март во Сараевскиот Воен Театар САРТР од 20 часот. Театар Сартр е еден од најавангардните и најнаградуваните театри не само во БиХ туку и во регионот.
Текстот Театарот „Провокација“ ќе гостува на неколку дестинации во регионот е превземен од МАКФАКС.