Утрински Весник
Магазин

„Твитер“ ја спушти рампата за Илон Маск

„Твитер“ ја спушти рампата за Илон Маск

„Твитер Инк.“ усвои мерка што ќе го заштити од непосакувано преземање, објавија светските шоу-биз медиуми, додавајќи дека ваквиот потег е обид да го спречи милијардерот Илон Маск да ја купи компанијата и да ја направи бастион на слободата на говорот.

Управниот одбор усвои план за правата на акционерите, кој ќе стапи на сила доколку некоја страна или поединец стекне 15% од акциите без претходно одобрение, а ќе важи само една година. Планот се стреми да осигура дека секој што ќе ја преземе контролата врз „Твитер“ преку акумулација на отворен пазар, на сите акционери ќе им плаќа соодветна контролна премија, се вели во соопштението од петокот.

Главниот извршен директор на „Тесла инк.“ во четвртокот понуди 54.20 долари по акција, проценувајќи ја компанијата за социјални мрежи на 43 милијарди долари. Маск, кој рече дека тоа е неговата „најдобра и последна“ понуда, веќе има удел од повеќе од 9% во „Твитер“ и е најголем акционер.

Медиумите пренесоа дека корпоративниот мавевар ‘отровна пилула’ е осмислен да го блокира обидот за преземање на платформата од страна на титанот на „Тесла“, Илон Маск, откако тој достави понуда ден претходно.

Оваа стратегија им овозможува на постојните акционери да купат дополнителни акции со попуст, и останува на сила една година, односно до 14 април идната година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста