Утрински Весник
Магазин

Тајлер Пери донираше храна на 5.000 семејства

Тајлер Пери донираше храна на 5.000 семејства

Километарски колони возила се протегаа низ Атланта во неделата, кога илјадници локални жителите чекаа во ред за да добијат бесплатни оброци – донација на Тајлер Пери – во пресрет на големиот американски празник Денот на благодарноста.

За празникот, актерот милијардер донираше кутии полни со залихи за оние кои имаат потреба, објави „Фокс 5“ во Атланта.

51-годишниот актер и режисер ја ограничи својата добротворна акција на 5.000 семејства, но се појавија уште многу луѓе кои бараа дополнителна помош среде пандемија на коронавирус.

Донациите на Пери беа ефектуирани преку неговото студио во Атланта, а настанот беше наречен #TPSGiving.

Тајлер Пери е американски актер, продуцент и режисер кого престижниот магазин „Форбс“ неодамна го додаде на својата листа на милијардери.

Денот на благодарноста се прославува во последниот четврток од ноември уште откако претседателот Френклин Рузвелт го назначи тој датум во 1942 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денеска ќе се случи целосно затемнување на Сонцето ширум светот: НАСА предупредува овој феномен да се набљудува со соодветна заштита

Дневен хороскоп за 12 Август 2026 година

Роналдо се венча со Георгина