Утрински Весник
Свет

Тајкуните против Путин, протекоа детали од тензична средба со рускиот претседател: „Ќе изгубиме се“

Иако анкетите во Русија покажуваат дека јавноста силно ја поддржува „специјалната воена операција“ што руската војска ја спроведува повеќе од два месеци во соседна Украина, некои членови на руската елита, особено оние кои се збогатија пред да дојде актуелниот претседател Владимир Путин почнаа да зборуваат против руската инвазија, пишува Вашингтон пост.

Санкциите наметнати од Западот кон Русија се како нова железна завеса и поради нив руските тајкуни не можат да пристапат до десетиците милијарди долари што ги имаа пред војната во Украина.

„За еден ден уништија работи што се градеа со години. Тоа е катастрофа“, вели еден бизнисмен кој беше поканет на средба со претседателот Путин на денот на инвазијата, пренесуваат светските медиуми.

Најмалку четворица олигарси кои се збогатија за време на мандатот на претходникот на Путин, Борис Елцин, веќе ја напуштија Русија. Најмалку четворица високи функционери поднесоа оставки и ја напуштија земјата. Меѓу нив беше и Анатолиј Чубаис, специјален советник на Кремљ за одржлив развој и водач на приватизацијата во времето на Елцин.

Другите високи функционери неопходни за функционирање на државата не тргнаа по неговите стапки. Некои не можат да заминат дури и да сакаат. Во таков „затвор“, на пример, е и гувернерката на Централната банка на Руската Федерација, Елвира Набјулина. Таа ја понуди својата оставка откако Западот воведе санкции кон Русија, но Путин одби да ја прифати, е наведено во написите од светските медиуми.

Можете да прочитате

„Алтернатива за Германија испиша историја со својата изборна победа во Саксонија-Анхалт, изјави нејзиниот регионален лидер

Студија: Од 2023 до 2025 година Израел го напуштиле речиси 1.400 лекари

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ