Утрински Весник
Спорт

Синовите на Матиќ и Роналдо ја копираа акцијата на нивните татковци

Филип Матиќ одигра лоб пас преку одбраната, а неговиот врсник, 11-годишниот Кристијано Роналдо јуниор убаво ја прими топката и потоа ја заби во голот.

Станува збор за синовите на Немања Матиќ и Кристијано Роналдо, кои одлично ја ископираа акцијата на нивните татковци од натпреварот против Челзи (1:1) кој се одигра во средата..

Видеото веднаш стана вирално на интернет, со голем број позитивни коментари од обожавателите.

Матиќ и Роналдо јуниор играат заедно во Академијата на Манчестер јунајтед, каде што имаат и училишна настава. Со нив во одделението оди и Каи Руни, синот на легендарниот Вејн Руни. Интересен одделение нема ништо.

> Синовите на Матиќ и Роналдо ја копираа акцијата на нивните татковци <

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина