Утрински Весник
Свет

Тајван го менува изгледот на пасошот за да избегне сличност со кинескиот

Тајван го менува изгледот на пасошот за да избегне сличност со кинескиот

Тајванските власти го претставија изгледот на новите корици на пасошот, кои се променети за да се избегнат сличности со кинеските пасоши.

На кориците на новиот тајвански пасош, зборот ТАЈВАН е зголемен, а официјалното име на земјата, РЕПУБЛИКА КИНА, е значително намалено.

Владиниот портпарол Тинг Ји-минг на прес-конференција рече дека дизајнот е базиран врз одлука на законодавството на Тајван во јули и дека неговата цел е да се избегне заменувањето на тајванските државјани со Кинезите кога патуваат во странство или на меѓународни размени, рече тој.

Министерството за надворешни работи на Тајван ќе започне со издавање пасоши со нови корици во јануари.

Ву рече дека од избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 во јануари, многу земји ги засилиле имиграциските контроли и целта на променетите корици е да се избегнат ситуации во кои носителите на тајвански пасош може да бидат погрешно идентификувани како кинески државјани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе