Утрински Весник
Магазин

Тајванска авиокомпанија нуди лет без дестинација

Тајванска авиокомпанија нуди лет без дестинација

Тајван продолжува да се грижи за своите жители желни да патуваат нудејќи ново искуство – лет без дестинација, јавува Си-ен-ен.

По понудата во која Тајванците беа во можност да се најават и да се качат на приземјените авиони на аеродромот Сонгшан во јули, една авиокомпанија отиде чекор подалеку и понуди лет без дестинација.

ЕВА Ер, една од најголемите авиокомпании на Тајван, понуди лет на 8 август на Денот на татковците за да ги задоволи потребите за патување. Летот трае околу три часа и тргнува од аеродромот Таојуан во Тајпеј и потоа се враќа на истото место.

„Меѓународниот воздушен сообраќај е приземјен повеќе од половина година“, се наведува во веб-страницата на ЕВА Ер. „Желбата на граѓаните да заминат во странство е се посилна. За да се исполнат желбите на патниците, ЕВА Ер одлучи да понуди алтернативно патничко искуство на 8 август на Денот на татковците“.

Доколку денот биде ведар, патниците ќе можат од воздух да ги видат атракциите како што се островот Гуишан и живописното крајбрежје на Хуадонг, како и од околните острови.

Тие ќе летаат со суперпопуларниот авион Хелоу Кити и патниците можат да очекуваат дека понудата во летот ќе биде поврзана со бела фиктивна мачка, ќе имаат бесплатен интернет и други електронски услуги што обично се нудат само на долги летови.

Оброкот до осмисли готвачот Мотоказу Накамура, добитник на три Мишелин ѕвезди.Билетот во економска класа ќе чини околу 150 евра, а патниците ќе можат да доплатат уште 30 евра за во повисока класа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите