Утрински Весник
Македонија

Таравари и Ванхоуте разговарале за предвремени избори и спорот со Бугарија

Таравари и Ванхоуте разговарале за предвремени избори и спорот со Бугарија

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска се сретна со поранешниот посредник на ЕУ за решавање на политичката криза во Северна Македонија, Питер Ванхоуте, кој пред неколку години придонесе за постигнување на Пржинскиот договор.

„На средбата со белгискиот експерт Ванхоуте, кој е познат како одличен познавач на околностите во Северна Македонија, остваривме конструктивен разговор во кој допревме теми како: потребата од предвремени парламентарни избори, спорот на Северна Макдонија со Бугарија. Исто така ги идентификувавме националните приоритети како што се економскиот развој, подобрувањето на здравствениот систем, образованието и судството“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата било констатирано дека клиентелизмот е неприфатлив во функционална демократија, бидејќи не ги третира сите граѓани подеднакво, па затоа сите партии треба да имаат главен приоритет промена на клиентелистичкиот систем.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски