Утрински Весник
Магазин

Тамара Еклстон: Убаво е да се има брат во нашето семејство на девојчиња

Тамара Еклстон: Убаво е да се има брат во нашето семејство на девојчиња

Тамара Еклстон (37) е пресреќна поради приновата во нивното семејство. Нејзиниот татко Берни Еклстон (89) и сопругата Фабијана Флоси (44) станаа родители на момчето Ас.

„Не можеме да бидеме посреќни, ова се посебни моменти. Убаво е да се има брат откако цело време бевме семејство на девојчиња“,  коментираше Тамара за „Дејли мејл“.

Берни и Фабијана во април објавија дека очекуваат бебе. Малиот Ас е 65 години помлад од првата ќерка на Берни, Дебора, која ја доби со својата прва сопруга Ајви Бамфорд.

„Беше лесно. Породувањето траеше 25 минути. Фала му на Бога“, рече Фабијана за германските медиуми. Берни додаде дека е горд.

Покрај Тамара и Дебора, Берни е татко и на ќерката Петра (31). Тамара и Петра ги доби во брак со хрватската манекенка Славица Радиќ (62).

Берни се запозна со Фабијана пред многу години, но на почетокот биле пријатели и имале професионална врска. Тие се венчаа во 2012 година.

Текстот Тамара Еклстон: Убаво е да се има брат во нашето семејство на девојчиња е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Што се случува со вашето тело ако не пешачите редовно

Германец го нападнал својот сосед, премногу гласно ги удирал шницлите

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови