Утрински Весник
Свет

Сѐ повеќе млади завршуваат во болница поради коронавирус во Хрватска

Сѐ повеќе млади завршуваат во болница поради коронавирус во Хрватска

Во последниве денови сè повеќе лекари во Хрватска предупредуваат дека расте процентот на млади луѓе меѓу пациентите со Ковид-19 на кои им е потребна хоспитализација.

Еден од нив е директорот на Клиничката болница Дубрава, Ивица Лукчиќ, кој за Н1 изјави дека видел промена во старосната структура и клиничката слика, односно дека има повеќе млади луѓе со потешка клиничка слика и дека нивната состојба се влошува релативно побрзо отколку порано.

Тој изрази уверување дека вакцинирањето најризичните групи, сепак, придонело за помала смртност што во моментов се бележи.

„Еден од најважните фактори е што британскиот вид се пренесува полесно. Добро е што имаме помала смртност на пациенти. Би рекол дека ја заштитивме најризичната популација. Ова е зголемување на бројот на заболени, но смртноста е помала“, додаде Лукшиќ.

Можете да прочитате

Се одложи гласањето за спроведување на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД

Унгарија блокира нови санкции кон Русија

Пожари, блокади и пукања – Мексико гори по ликвидацијата на нарко-босот