Утрински Весник
Спорт

Суперкупот на Шпанија повторно во Саудиска Арабија

Суперкупот на Шпанија повторно во Саудиска Арабија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Суперкупот на Шпанија, втора година по ред, ќе се игра во Саудиска Арабија. Оваа година покрај Реал и Барселона, ќе играат и клубовите од Баскија Реал Сосиедад и Атлетик Билбао.

Шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија ќе се игра од 13 до 16 јануари наредната година. Полу-финалните натпревари ќесе играат на 13 и 14 јануари, а финалето е на 16.јануари.

Пласман на овој турнир изборија првите две екипи од минатата сезона (Реал и Барселона) и финалистите во Купот на Шпанија (Сосиедад и Билбао).

Инаку, Фудбалскиот сојуз на Шпанија со Саудиска Арабија потпишал три годишен договор, од кој ќе заработи 120.000.000 евра. Половина од овие пари ќе завршат кај екипите кои ќе играат во завршницата на Суперкупот.

> Суперкупот на Шпанија повторно во Саудиска Арабија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk