Утрински Весник
Свет

Студенти од Јужна Кореја ги избричија главите во знак на протест против одлуката на Јапонија

Студенти од Јужна Кореја ги избричија главите во знак на протест против одлуката на Јапонија

Повеќе од 30 студенти во Јужна Кореја ги избричија главите пред јапонската амбасада во Сеул, во знак на протест против одлуката на Јапонија да пушти контаминирана вода во морето од нејзината оштетена нуклеарна централа во Фукушима.

Полицијата постојано растеруваше група луѓе кои скандираа и држеа плакати, но сепак не го спречија настанот, иако е во сила антипандемиска забрана за собирање повеќе од 10 лица, пренесува „Ројтерс“.

Јапонската влада минатата недела објави дека ќе испушти повеќе од милион тони прочистена радиоактивна вода од локалитетот Фукушима и дека тоа ќе се реализира во фази што ќе започнат за околу две години.

Официјален Сеул остро ја критикуваше оваа одлука.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници