Утрински Весник
Македонија

Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Жена на возраст од 59-години починала на лице место откако врз неа паднало едно од дрвата кои ги сечел нејзиниот сопруг.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера на нива во селото Мокриево, Струмичко.

„Додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Двајца скопјани измамени за над 35.000 евра со лажни крипто валути

Мицкоски: Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци

Петровска: По „Скопје 2014“ ни подготвуваат „Скопје 2028“ – 21 милион евра без тендери и независна контрола