Утрински Весник
Економија

Струмица ќе се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија

Струмица ќе се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Софија
Dik 300x250 mk

Струмица, 12 февруари 2020 (МИА) – Од утре до 15-ти овој месец Струмица ќе учествува на еден од најголемите туристички настани на Балканот, Меѓународниот саем за туризам „Holiday&SPA Expo” што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија, соопштија од Општината.

Во друштво на повеќе од 350 изложувачи од регионот и над 20 000 посетители, општина Струмица ќе го промовира „Брендот Струмица“, претстојниот Струмички карневал и туристичката понуда на хотелите од „Дестинација Струмица“.

-Во текот на тридневниот настан, општина Струмица, заедно со претставници на хотел „Вила Парк”, комплекс „Лебедово Езеро” и хотел „Термал лукс и спа“ ќе ги промовираат своите туристички потенцијали и капацитети, но и новите производи и услуги. Посебна цел на саемската промоција на Струмица е привлекување нови туристи и посетители од Бугарија на годинешниот Струмички карневал, кој ќе се одржи на 29 февруари, додаваат во соопштението од општина Струмица.

На саемската манифестација ќе учествуваат компании, водечки туристички агенции и претставници на туристички дестинации од над 25 земји од светот.

Учеството на општина Струмица на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & SPA Expo” се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“-ToCulter, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014-2020 година.рт/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност