Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Поднесувањето на барањата за субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко нема да го вршат сточарите, туку Платежната агенција податоците ќе ги презема директно од регистрираните откупувачи на сурово млеко, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Ваквото олеснување на административните процедури, како што наведува МЗШВ, е поради состојбата предизвикана од КОВИД-19, а целта е земјоделците да не одат до подрачните единици на Министерството и да не се изложуваат на ризик.
-Владата на предлог на Министерството за земјоделство донесе Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со оваа Уредба се направи измена во поднесувањето на барањата за субвенции за подмерката за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, информира МЗШВ. мч/скс/