Утрински Весник
Свет

Столтенберг против независна европска одбрана

Столтенберг против независна европска одбрана

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека поддршката за паралелна европска одбранбена организација претставува ризик од поделба и слабеење на Атлантската алијанса.

За време на престојот во Вашингтон на разговори во Белата куќа и Пентагон, Столтенберг ја спомена поддршката на Франција за независна европска одбрана автономна од НАТО, особено по шокантниот Договор меѓу Австралија, Велика Британија и САД.

„Разбирам дека Франција е разочарана. Она во што не верувам е секој напор да се создаде нешто надвор од рамките на НАТО, да се конкурира или да биде дупликат на Алијансата, бидејќи НАТО останува камен -темелник на европската и северноамериканската безбедност“, нагласи Столтенберг.

Австралија ја откажа договорената испорака на електрични и дизел подморници од Франција и се согласи за производство на нуклеарни подморници со американска и британска технологија, што предизвика Париз и другите европски земји да сметаат дека Алијансата веќе не е меѓу приоритетите на Вашингтон, пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија