Утрински Весник
Македонија

Синот на Муса Џафери во кафеана го нападна претседателот на Регулаторната комисија

Синот на Муса Џафери во кафеана го нападна претседателот на Регулаторната комисија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимоски, бил нападнат од Аријанит Џафери, син на поранешниот министер и вицепремиер, Муса Џафери додека седел во ресторан во Дебар маало. Нападот се случи неколку минути пред 12 часот и е пријавен во полиција. Очевидци веќе споделија неофицијални информации дека пред нападот врз Беслимовски, претходела расправија поради незадоволството на Џафери што Регулаторна комисија започнала постапка за одземање лиценца на неговата фирма.

„На 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за „Макфакс“

Беслимоски според информации на „Макфакс“ бил удиран по глава и во пределот на телото, а по нападот, Џафери заминал од местото. Претседателот на РКЕ останал, пријавил и чекал да дојде полиција.

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна