Утрински Весник
Свет

Столтенберг: НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години

НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години во војната против Русија, вклучително и обезбедување помош на Киев за да се префрли од старото оружје од советската ера на модерна западна воена опрема, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

– Треба да се подготвиме на долг рок. Постои апсолутна можност оваа војна да продолжи и да трае со месеци и години – изјави Столтенберг на младинскиот самит во Брисел, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Путин: Тешко е да се предвидат последиците од конфликтите на Блискиот Исток

Трамп: Русија и Украина имаат шанса за договор

Зеленски: Европските земји да ја блокираат и запленат руската нафта