Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Дрисла под Шилегов е еколошка бомба, граѓаните се трујат среде пандемија

Стоилковски: Дрисла под Шилегов е еколошка бомба, граѓаните се трујат среде пандемија

Додека Шилегов се обидува да се спаси од потоп со употреба на зборот „еколошки“, Дрисла која што е јавно претипријатие под Град Скопје, прераснува во бомба за ширење на зараза, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој сподели фотографии од Дрисла кои, како што истакна, покажуваат како во време на борба со епидемија се постапува со медицинскиот отпад.

„Притоа, не станува збор за отпад само од скопскиот регион, туку според информациите, се носи медицински отпад од цела држава“, посочува Стоилковски и додава дека истиот незаконски се третира во Дрисла под Шилегов.

Партискиот портпарол наведе и одредби од законот за кои смета дека воопшто не се почитуваат и тоа во време кога Македонија има најголема смртност од корона во светот.

Можете да прочитате

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска

Четири повредени момчиња по синоќешната сообраќајка кај Ласкарци

Мисајловски на Свечениот собир со припадниците на Армијата и вработените во одбраната