Утрински Весник
Македонија

Петровска: Членови на ВМРО-ДПМНЕ се закануваат кон граѓани кои не се од нивната партија

Петровска: Членови на ВМРО-ДПМНЕ се закануваат кон граѓани кои не се од нивната партија
300x250 (7)

Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија, изјави на прес-конференција,  пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа читаше дел од пораките: „Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“, „Ти се бројат деновите гаде предавнички“, „Гробови да ви се отворат“, „Мора ја снема оваа чума“, „Живи да ги закопаат“.

Ss1

Рече дека граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за наводни одмазди.

„Синоќа во Вевчани лице од личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект, легитимирало и се заканувало кон присутните гости. Така правеше и обезбедувањето на Никола Груевски – влегуваше во телевизии и бараше од камерманите и новинарите да бришат видеа и фотографии на кои се гледа Груевски. Така правеше полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади по медиуми, кога апсеше студенти по библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година, кога славеа изборна победа. Кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ во Василево физички нападна активистка на СДСМ. Поминаа 24 часа, а осуда од единствената кандидатка градоначалничка Данела Арсова нема. Го поддржувате ли насилството врз жените, госпоѓо Арсовска? Осуда нема ниту од политичката партија ДПМНЕ, затоа што очигледно дека тоа е нивниот старо нов концепт. Поддржувач и пријател на новиот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, на јавно место им се закани на двајца жители на Бутел, дека доколку не се иселат ќе ги убие. Осуда нема“, изјави Петровска.

Таа нагласи дека додека СДСМ е на власт, народот ќе биде заштитен. Порача дека народот треба да се обедини и да гласа за СДСМ во недела на изборите, за живејачка во мирна, слободна, граѓанска и безбедна држава.

Ss1

Можете да прочитате

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за вториот круг на претседателските избори